Магла на Стража, слаб снег на планинските превои Буково и Ѓавато

Скопје, 26 јануари 2015 (МИА) - Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по наместа влажни коловози, а слаб снег провејува во Битола и Ресен и на планинските премини Буково и Ѓавато.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека поради магла до 100 метри, видливоста е намалена на планинскиот превој Стража.

Се уште сообраќајот е во прекин на регионалниот пат на м.р. „Глобица“ во непосредна близина на селото Ратавци - Пробиштип, а поради надојдените води на реката Крива Лакавица во прекин се и патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.

Поради излевање на реката Вардар во прекин е и сообраќајот кај клучката Миравци - Гевгелија. 

Забрана за движење поради свлечиште има на патот Киселица - Злетово во општина Пробиштип.

Сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента на патот Радовиш-Штип каде е санирана штетата на мостот, а нормализирано е движењето на возилата на патот Демир Капија кон селото Корешница.

Се уште важи и забраната за тешки товарни возила над 7,5 тони и автобуси на патниот правец Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...