Во Демир Капија бројни оштетувања од невремето

Демир Капија, 26 јануари 2015 (МИА) - Бројни оштетувања на објекти, улици, патишта и друго има во општина Демир Капија како последица на невремето што го зафати Демиркаписко во петокот, проследено со поројни дождови, информираше денеска градоначалникот на Демир Капија, Трајче Димитриев.

- Оштетени се одбранбените насипи на реката Бошавица и тоа од вливот во реката Вардар па низводно  во должина од 2 километри  од двете страни на реката, има целосно оштетување на патиштата кои беа изградени врз одбрамбениот насип, загрозени се столбовите на мостот на река Бошавица од натрупаните стебла, пробиен е дел од одбрамбениот насип, соопшти Димитриев.

Тој нагласи дека оштетени се неколку улици во Демир Капија, но и селата Корешница и Клисура, како и локални патишта.  Поплавени беа 
подрумски простории и приземје на објекти во Специјален Завод Демир Капија, текстилен погон, рибник Дошница со помошните објекти, подрумски простории на стамбени објекти во Демир Капија.

Градоначалникот додаде  дека штетите ќе беа многу поголеми доколку во текот на летниот период  не се исчисти и  уреди речното корито на реката Бошавица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...