Попоски-Бушати: Одличната политичка соработка да се пренесе и на економски план

Тирана, 26 јануари 2015 (МИА) - Македонија и Албанија имаат одлични билатерални односи и споделуваат исти интереси на надворешно-политички план во однос на европската и регионалната соработка, беше констатирано на денешната среба во Тирана меѓу шефовите на македонската и албанската дипломатија, Никола Попоски и Дитмир Бушати.

Соговорниците заеднички се согласија дека политичката соработка е на одлично ниво и би сакале истото, со еднаков интензитет, да се пренесе и на економски план. Притоа беше констатирано тоа да се оствари преку реализација на конкретни проекти во инфраструктурното поврзување, патната и железничката мрежа и енергетиката. Тоа ќе стимулира трговска размена и зголемен интерес за инвестиции. Конкретни решенија во оваа насока се комплетирањето на Коридорот 8 и 24-часовно отворање на преминот Џепиште-Требиште.

Mинистерот Попоски го покани својот колега на одржување заедничка седница на владите на двете земји во првата половина на 2015 година, при што беше договорено да се отпочне со подготовки на ниво на политички директори и поставување на временска рамка за одржување.

Во Тирана Попоски се сретна и со претседателот на комисијата за надворешни работи во Собранието на Република Албанија, Арта Даде, при што беше разговарано за продлабочување на парламентарната соработка помеѓу двете земји. Во текот на денот ќее оствари средби со претседателот на Република Албанија Бујар Нишани и со премиерот Еди Рама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...