Седници на четири собраниски комисии

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Предлог - законот за комплементарна и алтернативна медицина, во второ читање е единствената точка за која ќе расправаат членовите на Комисијата за здравство. 

На агендата на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за Народен правобранител и на Законот за парничната постапка, двата во второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледуваат Годишните извештаи за работата за 2013 година на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година и Извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување за периодот од 01 јули до 31 декември 2014 година.

Законодавно-правно комисијата ќе расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој,на Законот за даночна постапка, на Законот за хартии од вредност, на Законот за банките и на Законот за Фондот за осигурување на депозити, сите во второ читање. Ќе се расправа и по Предлог - закон за комплементарна и алтернативна медицина, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Народен правобранител, како и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...