Јолевски во посета на САД

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, кој престојува во работна посета на САД, во текот на вчерашниот ден во Вашингтон имаше повеќе средби со поранешни високи функционери во Белата куќа, Пентагон и Стејт Департмент, како и со американски генерали.

Министерството за одбрана денеска соопшти дека министерот Јолевски имал средби и во повеќе реномирани институти и „тинк тенкови“ во Вашингтон, а во Центарот за стратешки и буџетски процени во областа на одбраната се сретнал и со поранешниот потсекретар за одбрана на САД, Ерик Еделман и неговиот тим.

На средбите биле презентирани достигнувањата во реформите во областа на одбраната на Република Македонија и аргументите зошто треба да ја добие заслужената покана за членство во НАТО.

Република Македонија со учеството во мисијата „Одлучна поддршка“, како и во претходната НАТО мисија во Авганистан, било истакнато на средбите, покажа дека „де факто“ се однесува како членка на НАТО и потврдува дека ги исполнува условите за членство во Алијансата.

На средбите што ги имал Јолевски во Вашингтон била дадена целосна поддршка за реформите кои се планираат во периодот што следи, со што ќе продолжи зајакнувањето на Армијата на Република Македонија и ќе се обезбеди повисоко ниво на капацитетот на АРМ за заштита на територијалниот интегритет и уставниот поредок на Република Македонија, но и интеропратибилноста со НАТО сојузниците.

Како што соопшти МО, се разговарало и за можноста за размена на питомци од Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ со американските воени академии, за обука на наставниот кадар на најреспектираните воени школи во САД со цел да се постигне врвен квалитет во образованието на идните офицери во АРМ, како и за можноста американски кадети да поминат еден семестар на македонската Воена академија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...