Антисемитизмот и дискриминацијата се уште не се минато

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - Најновите напади во Франција се доказ дека антисемитизмот не е минато иако годинава се одбележуваат седум децении од Втората светската војна и холокаустот на Евреите. Ова беше истакнато на денешната научна конференција „Дипломатијата и депортацијата на Евреите од Македонија во 1943 година“ организирана од МНР, Институтот за национална историја, Дипломатскиот клуб Скопје, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот во Македонија, а по повод 27 Јануари – Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.

Во присуство на дипломатскиот кор, научници и други истакнати гости, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски укажа дека Македонија ги почитува одредбите на Стокхолмската декларација и на ИКРАМ кои денес се еднакво актуелни и важни особено, вели, во светлина на позачестените појави на антисемитизам, нетолеранција и дискриминација. Овој форум, посочи, треба да даде јасна слика за улогата на дипломатијата во расветлувањето на холокаустот на Евреите.

- Наша обврска е заеднички да работиме на утврдување на улогата на дипломатијата и дипломатите во тие настани за да можеме на денешните и идните генерации да им ја претставиме вистинската слика со цел никогаш повеќе да не дозволиме такви или слични настани да се повторат, порача Попоски.

Со него се согласи и амбасадорот на Израел во Македонија Дан Уријан кој вели дека дипломатите ако се во вистинско време на вистинско место можат да направат многу, можат да спасат човечки живот.

- Активностите на терористите во светот како ИСИС и Боко Харам и случувањата во Париз покажаа дека антисемитизмот е закана која постои и пред која не смеат да се затворат очите, рече амбасадорот Уријан.

Пепо Леви, претседател на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија, истакна дека идеите за уништување на Евреите се уште постојат иако светот плати огромна цена на колебливоста во спротивставувањето на Хитлер.

- Денес во поедини делови на светот, па и во срцето на прогресивна Европа, да бидеш Евреин повторно почнува да станува опасно, рече Леви.

Затоа, додаде, денес е поважно од кога било да се покаже светска солидарност во сеќавањето на жртвите од холокаустот и решителност во справувањето со сите зачетоци на антисемитизмот. Тој изрази задоволство што македонската држава негува одлични односи со Израел, а мост на тоа пријателство е токму еврејската заедница во Македонија.

Претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски исто така укажа на потребата од будност од повампирување на фашистичките и екстремистичките проекти при што треба да се имаат предвид историските факти како што е геноцидот на Евреите.

Поранешниот шеф на македонската дипломатија и претседател на Генералното собрание на ОН Срѓан Керим со порака да е извлечат вистинските поуки од историјата од монструозните чинови и фаталните грешки на нацизмот и фашизмот.

- Геноцидот не смее да се заборави, не само како опомена, туку и како патоказ кон човечноста, но пред се да го држи човештвото будно од генерација во генерација затоа што слободата и демократијата не се зададени еднаш засекогаш, рече Керим.

Во текот на Втората светска војна загинаа преку 50 милиони луѓе, а уништена и една третина од еврејската популација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...