за Балканот

Незаинтересираноста на САД направи Грција да е комотна

во спорот за името

Вашингтон, 27 јануари 2015 (МИА) - Американскиот сенатор Крис Марфи, доскорешен претседавач на поткомитетот за Европа во американскиот Сенат, изјави дека земјите од Балканот добиле чувство дека САД се повлекуваат од овој регион, и повика дека е крајно време САД да посветат повеќе внимание на балканските прашања. Според Марфи, едно од прашањата каде американската администрација би морала да се посвети повеќе е спорот за името, за кој кажа дека разбирливо предизвикал губење на трпението во Македонија, како и поддршката за Црна Гора да влезе во НАТО.

За можниот однос на новата грчка Влада кон Македонија, сенаторот Марфи оцени дека токму чувството дека САД, НАТО и Европската Унија загубиле интерес во регионот е еден од факторите кој влијае Грција да биде помалку заинтересирана за решавање на спорот за името.

- Ова ќе биде фасцинантно време за Грција, која добива нова Влада и со перспективата за квантитативно олеснување од страна на Европската централна банка. Ова е причина повеќе за САД да останат ангажирани во регионот, но тешко е да успееме да решиме некој од овие спорови ако се има чувство дека Европската Унија и НАТО се затвораат за регионот. Грција може само да седи на страна и да смета дека нема причина да го решава спорот за името, штом ЕУ и НАТО пратиле сигнали дека не се отворени за проширување. Затоа, мораме да ја држиме вратата за НАТО отворена, да примаме нови членки и да го помагаме отворањето на нови апликации за членство во Европската Унија, ако сакаме да бидеме во позиција да најдеме можност да го решиме спорот со новата грчка Влада, изјави сенаторот Марфи, кој до поразот на неговата Демократска партија претседаваше со Поткомитетот за европски прашања на Сенатот.

На прашањето за подготвеноста на Македонија да биде членка во НАТО, Марфи рече дека земјата е подготвена, но призна и дека постои силна фрустрираноста од досегашното оддолжување.

- Македонија е подготвена за членство во НАТО, можеби и повеќе од Црна Гора, но сите разбираме дека доколку спорот за името не биде решен, малку е веројатно дека нејзиното членство ќе се случи. Опасноста од оставањето на ваквите спорови да останат нерешени долго време е што Македонија, која беше успешна приказна во регионот и имаше подобар напредок во областа на владеењето на правото и посветеноста на слободата на изразувањето, имаше назадување во изминатите неколку години. Трпението не е бесконечно во овој регион, и ние мораме да вршиме притисок врз Македонците да се вратат на старата патека, но и да се обидеме повторно со американско лидерство да ставиме повеќе акцент на конфликтот со Грција, изјави сенаторот Марфи.

Марфи додаде дека државната потсекретарка Викторија Нуланд, која е задолжена за Европа, посветува внимание на спорот за името, како и американската амбасадорка во Обединетите нации Саманта Пауер, додавајќи дека е јасно дека има ниво на фрустрираност од постојаното одложување на позитивна одлука по прашањето на НАТО и Европската Унија. Марфи, кој зборуваше за перспективите на Балканот во Германскиот Маршалов Центар на САД во Вашингтон, рече дека и други држави, како Црна Гора, се фрустрирани од одложувањето на интегративните процеси, имајќи предвид дека од една страна добиваат директни понуди за значителни воени и финансиски инвестиции вредни милијарди евра од Русија, а од друга страна неизвесни ветувања од САД и другите западни сојузници.

Марфи рече дека ќе продолжи да ја советува администрацијата на претседателот Барак Обама и новото, републиканско раководство во Сенатот, да се погрижат да понудат и економска перспектива за регионот, во кој САД влијаеа да се откаже рускиот енергетски проект Јужен Поток, но сега би морале да понудат своја алтернатива, со транспорт на поголеми количества американски течнет гас. Зборувајќи за Јужен Поток, со бугарски и српски дипломатски претставници, Марфи изрази загриженост дека и Србија нема да може вечно да ги одбива руските понуди доколку не добие јасна контра-понуда од западните земји, што отвора опасност земјата да се најде во положба како Украина. Сенаторот Марфи додаде дека само економскиот раст ќе овозможи да се запре радикализирањето на младите, невработени муслимани во регионот, процес за кој рече дека особено ги загрозува Косово и Македонија, што според него е причина повеќе за кревање на нивото на партнерството со САД.

Во меѓувреме, Германскиот Маршалов Центар во САД објави и две анализи, во кои исто така се предупредува на опасноста од застојот во интеграциите на Балканот, имајќи го предвид растечкото влијание на Русија во регионот. Во една од анализите, подготвена од Жикица Паговски и Нести Ѓелуци, се вели дека Грција продолжува да ги блокира интеграциите на Македонија, што претставува закана и за стабилноста на Македонија. Имајќи ги предвид и другите спорови во регионот, се вели дека Европската Унија мора да бара активна политика на помирување од страна на балканските земји, и промовирање на соработката меѓу нив.

Во анализата на Иан Лесер, се обрнува внимание на надворешната политика на СИРИЗА, која ја презема власта во Грција. Лесер вели дека лидерот на СИРИЗА Ципрас и неговите советници веројатно ќе имаат помалку националистички став кон Турција и другите балкански земји, но воедно нема да бидат подготвени за конфронтирање и со Русија. "СИРИЗА не е автоматски про-атланска партија, но исто така не го влече со себе националистичкиот багаж кој во минатото ги попречуваше американско-грчките односи", пишува Лесер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...