СДСМ иницира намалување на цената на водата за пиење

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за намалување на цената на водата за пиење за 30 проценти.

Потпретседателот на партијата Дамјан Манчевски појасни дека со предлогот, граѓаните од сегашните 29,39 денари би плаќале по 20,57 денари за метар кубен. 

Тој додаде дека иницијативата ја поднесуваат поради зголеменото ниво на сиромаштија и поради тоа што сметаат дека со намалувањето ќе се зголеми процентот на наплата.

- Процентот на наплата на вода во Скопје се движи околу 60 проценти што значи дека постојат значителни загуби на чиста вода за пиење. Сметаме дека со намалувањето на цената, ќе се подобри и процентот на наплата, односно зголемат приходите на ЈП. Дел од загубите отпаѓаат на неколку големи стопански субјекти и овој проблем се провлекува долго време. Намалената цена би била мотивација тие конечно да почнат да ги плаќаат своите сметки за вода, рече Манчевски.

Според СДСМ, од намалувањето на цената на водата корист ќе имаат сите граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...