Честитка од Заев по повод празникот Свети Сава

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија и  сите граѓани кои го празнуваат.

- На сите припадници на српската заедница во Република Македонија и на православните христијани кои го празнуваат, од мое име и од име на Социјалдемократскиот сојуз упатувам најискрени честитки. Нека овој голем празник биде поттик за вербата и надежта дека сите заедно, со меѓусебна поддршка и почит можеме да обезбедиме лична, семејна и општествена благосостојба, пишува Заев во честитката.

Бидете во добро здравје, додава лидерот на СДСМ во честитката, спокојни во срцето, подготвени да дарувате љубов, внимание и разбирање и тоа нека ви биде возвратено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...