Прогнозно-извештајна служба за земјоделците, иницијатива на кавадарчанецот Златев

Кавадарци, 27 јануари 2015 (МИА) - Потребна е служба чија задача ќе биде да  ги следи климатските промени и да ги подучува земјоделците како да се справат со нив. Ова е иницијативата на кавадарчанецот Диме Златев, магистер по земјоделски науки, со долгогодишно искуство, експерт за лозарство, која денеска јавно ја соопшти.

- Во последните неколку години зачестени се многу негативни климатски услови особено суша, град, поројни дождови и слично кои многу негативно се одразуваат врз приносите и квалитетот на грозјето во лозарството од Тиквешкиот регион. Особено се големи последиците од многу зачестените и многу интензивните врнежи. Како илустрација, од април до септември лани,  наврнаа од 800 до 1.200 литри на квадратен метар. Тие  предизвикуваат масовни појави на пламеница со енормни размери и штетни последици врз грозјето. Сушите од своја страна исто така се драстичен проблем во одделни сезони и години, појасни тој.

Елементарните непогоди од промената на климата во лозарството и последиците можат да се ублажат или елиминираат, нагласи Златев.  

- Потребна е стручна надлежна служба без разлика дали таа ќе биде приватна или државна. Таа ќе треба да ги следи состојбите, да ги проучува и да ги известува лозарите за секоја промена. Би било тоа прогнозно-извештајна служба за да се преземаат навремени и адекватни мерки особено во заштитата од болести, штетни инсекти и плевели, објаснува Златев.

Штетите од дождовите, потсети тој,  лани изнесуваат околу 50 милиони килограми винско и околу 5 милиони килограми трпезно грозје. Во вкупна материјално финансиска штета, околу 960 милиони денари или околу 16 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...