Проектот “Кич, да!?/ сте или не/” продолжува со изложба на Ибрахим Беди

Скопје, 28 јануари 2015 (МИА) - Осма година по ред продолжува да се реализира проектот “Кич, да!?/ сте или не/”, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура.

Проектот, чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност продолжува  со отворање на изложбата на Ибрахим Беди.

Беди Ибрахим е роден 1959 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за скулптура во класата на проф.Петар Хаџи Бошков во 1985 год. Во 1999 година завршил магистерски студии на истиот Факултет на тема „Култура и природа“ кај проф. Стефан Маневски и Васил Василев. 

Од 2002 година е вработен на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Вајарскиот оддел како доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање. Во 1999 година бил член на Советот за култура при Министерството за култура, како и член на Комисијата при ФАРЕ Фондацијата. Повторно во 2003 година бил член на Советот за култура при Министерството за култура. Од учебната 2005-2006 година предава театарска, филмска и ТВ сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Од 2006 до 2009 година бил продекан за настава на ФЛУ. Во 2007 година е избран за вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање. Исто така, изведува настава и по предметите Обликување на простор и Сценографија. Од 2009 до 2011 година е претседател на уметничкиот совет на ДЛУМ, а од 2011 година е член на уметничкиот совет на ДЛУМ. Од 2010 до февруари 2012 бил раководител на Катедрата за вајарство. Во 2010 година е избран за член на Универзитетскиот сенат на УКИМ. Во 2012 година е избран за редовен професор на ФЛУ по предметите вајање, вајарски техники и цртање.

Учествува на повеќе ликовни изложби во земјата и во странство меѓу кои бил и претставник на Македонија на престижното светско биенале во Венеција со групата „Зеро“.

Оваа изложба беше поставена во август во Македонскиот културен центар во Њујорк, во Кавадарци, Гостивар, Штип, Тетово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...