Во Велес промовиран зборникот „Името е нашата татковина“

Велес, 28 јануари 2015 (МИА) - Во организација на Епархијата Повардарска и „Македонскиот манифест“,  синоќа во Велес беше промовиран зборникот „Името е нашата татковина“.
 
Пред присутните се обрати митрополитот Повардарски Агатангел, а за значењето на делото говореа некои од авторите и воедно промотори, Ристо Никовски и Ефтим Клетников.
 
Авторот Ефтим Клетников говорејќи за зборникот појасни дека самото нејзино име „Името е нашата татковина“ ни говори кое е значењето.
 
- Зборникот има големо значење,зошто упатува порака за додатно освестување на Македонецот да си го зачува сопствениот идентитет и покрај сите силни притисоци од меѓународната заедница,од ЕУ,САД и Грција, а која што е нивни пулен во тој спор за жал, а човек треба да биде многу неинтелегентен да не го согледа тоа, потенцира Клетников.
 
Тој појасни дека зборникот кој е двојазичен македонски и англиски,  ја толкува македонската генеза од изворот до денешни дни. Воедно информира дека ќе го дистрибуираат во Амбасадите и некои европски авторитети во Брисел и други земји.
 
- Целта е да видат дека овој македонски народ  не е неимун за зачувување на својот идентитет и дека има цврста волја и по цена на својот живот да го сочува идентитетот.Сето тоа, затоа што многу генерации гинеле за името и опстојувањето. Ние денеска како генерација немаме право по било каква основа да си играме со името, нагласи Клетников.
 
Промоцијата беше збогатена со настап на младинскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“ , а под диригенство на Веселинка Маџарова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...