Градоначалникот на француската општина Коломбел ја посети општина Новаци

Новаци, 28 јануари 2015 (МИА) - Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и градоначалникот на француската општина Коломбел Марк Потје, денеска ги утврдија заедничките активности за одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна.

Двајцата градоначалници потврдија дека културно-историските врски на двете општини претставуваат предност во заедничките цели и намери кои ќе резултираат со развој на меморијален туризам, но и стопанска соработка.

- Коломбел е град во областа на Долна Нормандија кој доби поддршка и од француската влада да соработува со општина Новаци. Млади луѓе од Франција наскоро ќе престојуваат во Новаци со цел да истражуваат, но и да другаруваат со своите врсници и да развиваат долгорочна соработка, истакна градоначалникот Потје за време на денешната посета на општина Новаци.

Градоначалникот Котевски посочи дека општина Новаци има намера да ја развива културно-историската, но и стопанската соработка, и затоа на гостите од Франција им обезбедивме средби со стопанственици од овој крај. 

- Соработката со нашите пријатели од Франција е континуирана и се повеќе се зацврстува, а потврда за тоа е суштинската поддршка. Планираме развој на меморијален туризам, младинска соработка и размена, но и стопанска соработка. Одбележувањето на 100 годишнината од Првата светска војна ќе биде на високо ниво и за нас е еден од најважните проекти во овој период, нагласи Котевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...