Во Прилеп Кризниот штаб се подготвува со мерки за најавеното невреме

Прилеп, 28 јануари 2015 (МИА) - Во Прилеп денеска координативен состанок одржа  кризниот штаб на општината со цел да се преземат мерки за најавените обилни дождови овој викенд, за да се спречат евентуални поплави и штети.
 
 
Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески најбитно е да се исчистат сливниците.
 
- Сливниците мора да се исчистат овие два дена, да се контролираат критичните места на Црна Река, а тоа се кај селата Чепигово и Тројкрски. Јасно е дека е подигнато нивото на подземните води, но институциите ќе направат се за да се намалат, ако може да се избегнат штетите од најавеното невреме, рече Ристески.
 
Центарот за управување со кризи од Прилеп е надлежен и за состојбата во општините Кривогаштани и Долнени, каде што  се следат критичните точки.
 
-  Критичните точки и овој пат се селата во Долнени Средорек, Белополе, Вранче, а будно ќе се следи и во селата Ропотово и Сарандиново. Таму минатата недела интервенираше противпожарната единица и ја испумпуваше водата, рече Илко Петкоски, раководител на Центарот за управување со кризи.
 
Црна Река, според мерењата од Центарот, на 24. јануари кај Новаци достигнала 154 кубни метри вода во секунда  што е за пет метри кубни помалку од најкритичното ниво во 1978 година. Сега нивото е опаднато.
 
-  Денеска и вчера е 108 метри кубни вода во секунда, сосотојбата е контролирана, но треба да бидеме подготвени за викендот за да се спречат излевања и поплави, објасни Петкоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...