Собрание - пратенички прашања (1)

Скопје, 29 јануари 2015 (МИА) -  Долгот за членарина на Република Македонија е подмирен и не и е одземено правото на глас во ООН, нагласи заменик-министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска одговарајќи прашањето од пратеничката Роза Топузова-Каревска во рамки на 33 собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Топузова-Каревска не беше задоволна од одговорот и посочувајќи дека е пропуштен и двегодишниот дозволен прериод на пречекорување, побара некој да ја понесе одговорноста за направената штета по угледот на Република Македонија. 

Таа упати прашање дали Владата е запозната со информациите дека од Република Македонија за 10 години се испумпани 5,4 милијарди долари нелегални пари. Одговори министерот за финансии Зоран Ставрески, кој истакна дека цитираниот извор од страна на пратеничката не е најрелевантен, но сепак ќе треба да се провери, а одговорот Топузова-Карева ќе го добие дополнително.

За патната инфраструктура, за реконструкцијата на регионалните, магистралните и локалните патишта за што ќе бидат вложени огромни финансиски средства, праша пратеникот Фатмир Имеровски. 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески посочи дека Владата на Република Македонија согласно програмата разговараше со две меѓународни финансиски институции, за заедно да се реализираат поголем дел од патните правци, како дел од програмата. 

- Патниот правец Штип-Кочани кој ќе се гради на ниво на експресен пат во должина од 26 километри, а проценета вредност е 42,7 милиони евра. За овој патен правец почната е постапката за подготовка на проектна документација, а ќе се реализира во две фази, а се планира почеток на градбата да биде крајот 2015 година, нагласи Јанакиески.

Патниот правец Градско-Прилеп, преку Росоман и Дреново како експресен пат од 28, 3 километри ќе се реализира во повеќе фази односно втората фаза од Фаришка и Дреновска клисура во должина од 10 километри, за 43,6 милиони евра, а ќе се финансира од Европската банка за обнова и развој. Се очекува градежните работи да отпочнат во втората половина од 2015 година.

Потоа автопатско решение од 8,5 километри од Требениште до Струга во вредност 4,5 милопини евра, чија градбата се очекува во 2016 година и четвртиот патен правец кој ќе се реализира со средства од Европската банка за обнова и развој е патот Охрид-Пештани во должина од 14,5 километри и вредност од 52 милиони евра. 

Јанакиески образложи дека со средства од Светската банка позначаен е патниот правец од Куманово до граница со Бугарија, поконкретно Ранковце до Крива Паланка, на ниво на експресен пат, во должина од 22 километри, а инвестицијата ќе чини 66 милиони евра. Документацијата би била готова до средина оваа година, а градбата би отпочнала, рече, во 2016 година.

Битола-Ресен-Буково-Превој преку Охрид во должина од  27 километри се очекува во првата половина од годинава, реконструкција на патот преку Ново Село-Маврово-Жировница-Дебар во должина од 21 километар се планираа оваа година, патниот правец од Кочани- Македонска Каменица-Делчево во должина од 30 километри и инвестиција од околу 10 милиони евра би почнала во 2016 година. Регионален пат Делчево-планина Голак во должина од околу 11,5 километри изградба крајот на ова година, реконструкцијата на регионалниот пат Нов Дојран - Николиќ во вредност од приближно 1 милион евра да се започне во втората половина годинава. Патниот правец Мокрино-Смолари во должина од околу 4 километри и инвестиција од 1,5 милиони евра, се очекува градежните работи да почнат во втора половина 2015 година.

- Има и други патни правци кои ќе се финансираат од Светска банка, се помали патни правци, пред се за реконструкција, но многу значајни за развој на регионите, како што е во општина Долнени, регионалниот пат Лажани-Ропотово-Црнилиште,во должина од 17 километри и инвестиција од 1,7 милиони евра. Регионалниот пат Мелчнички мост-Центар Жупа од 8 километри и проценета вредност од 1 милион евра, Кривогаштани-Обршани во должина од 9,5 километри и вредност од 900 илјади евра, потоа Пробиштип-центар Пониква, во должина од 14 километри и инвестиција околу 5 милиони евра, регионален пат Тораница - Саса значаен за поврзување меѓу Крива Паланка и Каменица, како и регионалниот пат Тетово-Брвеница-Чегране преку Гостивар, пред се е реконструкција во должина од 16 километри, образложи министерот за транспорт и врски Јанакиески.

Во однос на локалните патни правци, истакна, оваа година ќе се започне со реконструкција во март или април на 46 локални патишта. 

Одговарајќи на прашањето на пратеникот Имеровски за регистрски таблички за општина Дебар, министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска потсети дека заклучно со 2012 година во Република Македонија имало 10 регистарски подрачја, по што е зголемен на 23 регистрациони подрачја. Пратниците 

- Капацитетот на ситемот кој го користиме за издавање регистарски таблички односно за менаџирање на регистрационите подрачја во моментот е пополнет, но барањето од општина Дебар и од неколку други сериозно го разгледуваме и во првата наредна ревизија на регистрационите подрачја, со позитивен пристап подготвени сме да го разгледаме ова барање и при евентуаленен нов договор со економски оператор кој би изработувал регистарски таблички за различни регисотрациони подрачја, би размислувале и разговарале за зголемување на бројот на регистрациони подрачја. Ако биде оценето како целисходно зголемувањето на регистрационите подрачја, Дебар ќе биде една од општините која ќе биде земена предвид, рече Јанкулоска, споменувајќи дека критериумот врз основа на кој се одлучува дали одредена општина или во повеќе општини ќе има регистрационо подрачје, е бројот на регистрирани возила од тоа подрачје.  

Пратеничката Мерал Узеири - Ферати од ДПА се осврна на отсуство на потпретседателот на Владата Муса Џафери, кој, според неа, никогаш не учествува односно не се појавува на пратеничките прашања, иако,каком што рече, овој демократски институт ја изгубил суштината во Собранието.

Таа говореше за факторите кои влијаат на тоа Тетово односно Полог во целост да биде еден од најзгадениот град во светот. Узеири - Ферати го праша министерот за животна средина и просторно планирање, дали се чувствува одговорен за здравјето на граѓаните. Потенцира дека е алармантна ситуацијата согласно податоците дека во Тетово за 150 до 200 пати е повисоко загадеувањето од дозволената норма. 

Претходно, пратеници добија писмен одговор на прашања поставени во врска со обештетувањето по ланските поплави во Ново Село и Штип, спортско рекреативнио центар „Младост“ во Неготино, реконструкција на големата сала во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, за водоснабдувањето и  за отпадните води во Виница со средства од Светска банка, како и за решавање на прашањето со средношколците кои посетуваат настава на македонски јазик во „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, кои се повеќе години надвор од матичната гимназија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...