Состанок на Кризниот штаб на Општина Кочани

Кочани, 29 јануари 2015 (МИА) - По иницијатива на  градоначалникот Ратко Димитровски, Кризниот штаб на Општина Кочани денеска одржа состанок на кој се анализираше актуелната состојба со водотеците во Кочанско.

Претставниците од Комуналното претпријатие „Водовод“, Територијалната противпожарна единица, Водостопанство „Брегалница“, од Одделението за уредување на градежното земјиште во општината и од Општата болница дискутираа за критичните точки и начините на интервенција при зголемен доток на води.

- Состојбата, генерално е мирна, надлежните се подготвени, механизацијата што е на располагање е исправна, заклучи по состанокот градоначалникот Димитровски,  истакнувајќи дека Општината посебно внимание посветува на превентивата.

Тој истакна дека поради најавите за нови врнежи активирани се сите месни заедници за 24-часовен мониторинг на критичните точки, посебно во селата Мојанци, Горни и Долни Подлог. Жителите на овие населени места  со поддршка од Општината, подвлече, ги чистат затрупаните протоци. 

Од состанокот произлезе заклучокот дека двете реки, Кочанска  и Масалница имаат потреба од прочистување и зајакнување на речните корита.

Заклучоците од состанокот ќе бидат доставени до Центарот за управување со кризи и до Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...