Адеми: Наставниците кои штрајкуваат нема да добијат цела плата

Скопје, 29 јануари 2015 (МИА) - Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска од Собранието изјави дека СОНК не ги информирал своите членови - наставници, родителите и учениците за нивните права за време на штрајк. 

Во јануари, посочи министерот одговарајќи на прашање на пратеникот Благоја Деспотовски, СОНК ги проширил барањата упатени до МОН и тоа во однос на зголемување на платите за 25 отсто за сите наставници.

- Во период на штрајк и кога се работи за нови барања врз основа на колективниот договор член 54 алинеја 2, работодавачот е обврзан да исплаќа само придонеси за наставниците кои што се на штрајк. Наставниците не се информирани дека за овој период нема да добијат цела плата од страна на МОН односно од општините. Исто така не се информирани и тие кои не се членови на синдикатот, но се солидаризираат дека нема да можат да добијат разлика во плата. Учениците не се добро информирани и се злоупотребени во некои случаи особено со екстерното тестирање затоа што не им е дозволено да влезат на екстерно тестирање и за жал ова ќе има последици за самите ученици и за нивните семејства. МОН ги разгледува сите можности учениците да немаат последици од злоупотребата од страна на некои наставници и СОНК, и ќе им дадеме дополнителна можност за екстерно тестирање, рече Адеми.   

Апелирам до оние што сметаат дека имаат притисоци, а се однесуваат на штрајкот да ги потврдат и кај надлежните органи, кои  ќе ги разгледаат и да ги преземат потребните мерки.

- Што се однесува до прашањето за штрајкот што во моментот се одвива сакам да информирам дека во август 2014 година, до МОН, СОНК упати пет различни барања и се согласивме со нив да формираме различни групи кои ги разгледуваа тие барања на средби, кои траеја до крајот на минатата година и на почетокот на оваа година, изјави Адеми додавајќи дека во тој период имало и средби на повисоко ниво меѓу претседателството на СОНК и МОН. 

За некои од барањата, посочи Адеми СОНК и МОН, не успеале да се усогласат по што дошла одлуката за штрајк.

- Тоа што е евидентно во моментот е неинформирањето односно неправилното информирање на членовите на синдикатот на наставниците, на учениците и на родителите за нивните права во текот на штрајк, изјави Адеми. 

Во однос на екстерното тестирање, рече дека тоа е законска обврска за сите ученици во основните и средни училишта и оти во овој период се спроведува екстерното тестирање за завршните години.

- Требаше да полагаат 20. 567 матуранти на ова екстерно тестирање во изминатуте три дена. Процесот во некои училишта е завршен, а во некои треба денеска да заврши, а во некои делумно е остварен. По завршувањето на овој процес ќе излеземе со конечен извештај и ќе се одлучи за оние што не го полагаа екстерното тестирање, изјави Адеми. 

Министерот, потсети и дека членовите на СОНК, кои деновиве делумно штрајкуваа во некои од училиштата, го поддржаа екстерното тестирање.

Министерството за образование и наука нема да ја пролонгира импелемнтацијата на измените и дополнувањата на Законот за високо образование и на Законот за факултети за едукација на воспитно образовен кадар, изјави министерот Адеми. 

Одговарајќи на прашање на пратеничката Солза Грчева, Адеми посочи дека законите деновиве ќе стапат во сила и оти Министерството изготвило соодветни планови за нивно успешно имплементирање. Доколку се констатира потреба од носење на нов закон за високо образование Министерството и Владата, рече министерот сериозно ќе пристапат кон негово изготвување.    

- Сметаме дека се работи за закони кои се потребни за образованието во Република Македонија. Но, истовремено ќе продолжиме и да разговаварме и со засегнатите страни посебно со Универзитетите и студентите со цел да дискутираме и понатаму не само за овие закони, туку и за други законски решенија во однос на образованието во сите нивоа, изјави Адеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...