Во Крива Паланка трибина за суштината и значењето на Божиќните и Богојавленските празници

Крива Паланка, 29 јануари 2015, (МИА) - Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ од Крива Паланка организираше трибина на тема ,,Суштината и значењето на Божиќните и Богојавленските празнувања".

На трибината која се одржа во големата сала на општинската зграда за значењето на големите христијански празници Божиќ и Богојавление, Водици говореа отец Дејан Апостоловски од Кривопаланечкото архиерејско намесништво и Наталија Милковска, дипломиран етнолог од локалната установа Градски музеј, Крива Паланка.

-Трибината не случајно ја организираме на крајот на месец јануари, бидејќи ова е месец кога во христијанството се слават големите празници Бадник, Божиќ и Водици или Богојавление, празници кои го слават Христа, а се денови кога треба да се биде со семејството и пријателите. Ова се празници кога се јакне меѓусебната љубов и се потсетуваме на најважното, на вредноста на блиските, на дарувањето љубов, што е особено важно за одржување на човечноста пред се, изјави Елена Митевска-Давидовска, претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Крива Паланка.

Додаде дека верата е единственото нешто кое не сплотува, не крепи и ни дава надеж.

-Во името на љубовта божја сите ние живееме, веруваме, се надеваме, простуваме, љубиме и даруваме. Сето тоа го крепи и сплотува човештвото, а и нам , па нека биде нишка која ќе не поврзува и ќе не води низ животот секогаш, рече Митевска-Давидовска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...