Презентација на проектот „Проценка на корупцијата и антикорупцијата во Југоисточна Европа“

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Во рамки на Регионалниот извештај за антикорупција денеска во Скопје ќе се одржат презентација за „Проценка на корупцијата и антикорупцијата во Југоисточна Европа“, подготвена од иницијативата СЕЛДИ (Лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа) чија членка е и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Извештајот е дел од проектот Регионална платформа за борба против корупцијата, поддржан од Европската Унија и дел од Програмата на УСАИД за борба против корупцијата.

На промотивниот настан предвидено е да се обратат вршителот на должност Амбасадор на САД, Барт Патни и Мартин Клауке раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија.

Даниела Минева, истражувач во Центарот за изучување на демократијата од Бугарија ќе го презентира Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија, а Мунир Подумљак, извршен директор на Партнерство за општествен развој од Хрватска ќе зборува за искуствата на Хрватска во борбата против корупцијата.

Проектот Регионална платформа за антикорупција е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Центарот за изучување на демократијата од Бугарија и неговите партнери. Целта е да се воспостави дијалог со носителите на одлуки на регионално и на национално ниво како и да се зголеми транспарентноста, легитимноста и сигурноста на организациите на граѓанското општество.

Програмата користи неколку иновативни методи вклучувајќи го Системот за следење на корупцијата (ССК) кој користи различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и проценка. ССК обезбедува детални информации за типовите, нивото и трендовите на корупцијата. Обединетите нации (ОН) го имаат признаено ССК како систем со најдобри практики за следење на корупцијата на национално ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...