Времето променливо, со засилен јужен ветер

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен, повремено силен јужен ветер со удари и над 80 километри на час. Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни локално над 40 литри на метар квадратен.

На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка позначително ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со засилен јужен ветер. Доцна попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни. 

Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Во Маврови Анови утрово во 7 часот висината на снежната покривка била 24 сантиметри, 6 во Пожар и 2 во Лазарополе. 

Во Маврово има врнежи од снег. Дува слаб до умерен, а во Пелагонија и Штипско засилен (60км/час) јужен и југоисточен ветер.

Минимални температури имаме -1 Маврово и Крива Паланка, 0 Лазарополе и Крушево, 1 Скопје –Петровец, Битола, Прилеп, Кавадарци и Тетово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Струмица, 3 Претор и Виница, 4 Штип, 5 Охрид и Дебар до 6 во Д.Капија, Гевгелија и Дојран.

Утре во раните утрински часови во западните делови и на некои повисоки места врнежите може на кратко да преминат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во претпладневните часови ќе има извесен прекин на врнежите, но повремено ќе дува засилен југозападен ветер. Нов поинтензивен влажен бран ќе има почнувајќи од попладневните часови, па се до недела попладне, кога на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и повремено силен ветер. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...