Меѓународната награда „Гоцева мисла“ за Данијела Костадиновиќ

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Меѓународната награда „Гоцева мисла“ годинава ќе и биде доделена на Данијела Костадиновиќ (1973) од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш. Наградата ја добива за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно со нејзините бројни текстови, преводи и книги од македонски автори на српски јазик.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ во чест на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Костадиновиќ е автор на делото Психолошкото во романите на Абаџиев и Георгиевски: екстровертните и интровертните психолошки типови во романите Пустина од Ѓорѓи Абаџиев и тетралогијата Црно семе од Ташко Георгиевски.

Досегашни добитници на наградата се Златко Крамариќ од Хрватска и Олга Панкина од Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...