Музичко-балетското училиште „Илија Николовски-Луј” во проектот „Младински супер оркестар”

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) -  ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” е дел од проектот „Младински супер оркестар”, составен од ученици средношколци од музичките училишта во Словенија, Србија и Македонија.

- Ќе бидат изведени композиции од композитори од трите држави. Веќе се испратени двете македонски композиции кои учениците од Словенија и Србија ги подготвуваат - „Тешкото“ од Глигор Смокварски и „Пајдушко“ од Сони Петровски, истакна раководителот на проектот Наташа Малиновска.

Концертите во Словенија и Србија ќе се одржат во Словенечката Филхармонија на 29 март и во големата сала на СКЦ Белград на 30 март, а во Македонија концертот ќе биде во Македонскиот народен театар на 1 април.

Композиција од Србија ќе биде „Голема чочек игра“ од познатиот српски композитор Петар Коњович, додека од Словенија е композицијата „Словенски народни танци“ од композиторот Алојз Среботњак.

Директорот на училиштето Јован Бицевски посочи дека за проектот интерес покажале и неколку општини од каде што потекнуваат учениците, кои можат финансиски да го помогнат нивното учество и да ги покријат нивните трошоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...