Координативното тело со препораки до општините по најавите за поројни дождови

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - По најавите за обилни врнежи кои се очекува од вечерва да ја зафатат Македонија, денеска Координативното тело за справување со кризи повторно апелираше до градоначалниците да ги стават во готовност сите расположливи ресурси.

Од градоначалниците се бара и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат претставниците од ЦУК, ДЗС и МВР, а доколку имаат потреба од дополнителна помош во механизација, да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.

Градоначалниците исто така ќе треба да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови и континуирано да се следи водостојот на реките и нивото на акумулациите, а единиците на локална самоуправа да интервенираат на мостовите каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки.

Граѓаните пак кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, а возачите навремено да се информираат за состојбите на патиштата. 

Се препорачува и припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција, а екипи од ЕВН и ДЗС да воведат дежурни служби.

Според информациите од Управата за хидрометеролошки работи, новиот бран врнежи се очекува да започне денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час.

Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран. Се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици.

- Според информациите за хирдолошката состојба, подземјето веќе е полно со вода така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Се очекува сливните подрачја доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат, се наведува во соопштението од Координативното тело за справување со кризи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...