Нови поволности за згрижувачите и лица со инвалидност

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Зголемување на паричниот надомест за згрижувачките семејства за 25 отсто почнувајќи од јули годинава и можност за рефундирање данок и царина за набавка на патнички автомобил за сопствени потреби од страна на лицата со 80 проценти инвалидитет на долните екстремитети, потполно слепите и потполно глувите лица со придружник, ќе овозможат измените на законот за социјална заштита усвоени на седница на Владата.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на прес-конференција информираше дека со измената ќе бидат опфатени околу 175 згрижувачки семејства, кои згрижуваат 315 лица.

- Но ова ќе биде поттик, што поголем број граѓани да станат згрижувачи, да се вклучат во оваа хумана и племенита мисија. Во згрижувачки семејства можат да бидат згрижени деца без родители и родителска грижа и со воспитно-социјални проблеми на училишна возраст и лица со умерени и тешки пречки во менталниот развој и лице упатено на оспособување за работно- производна активност, со најтешки пречки во менталниот развој, со трајна телесна попреченост, старо и возрасно лице со телесна попреченост, како и возрасно лице со пречки во менталниот развој кои не се во состојба сами да се грижат за себе, појасни Спасов.

За згрижување дете без родители и родителска грижа, надоместокот за згрижување од 6.500 ќе се зголеми на 8.125 денари, а за со воспитно-социјални проблеми на училишна возраст од 7.500 на 9.375 денари. За згрижување лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој и лице упатено на оспособување за работно- производна активност, лице со најтешки пречки во менталниот развој, лице со трајна телесна попреченост, старо лице, возрасно лице со телесна попреченост, како и возрасно лице со пречки во менталниот развој кои не се во состојба сами да се грижат за себе од 8.500 ќе се зголеми на 10.625 денари.

- На годишно ниво ќе се издвојуваат 37,5 милиони денари при што за ова зголемување за 2015 година во буџетот предвидени се дополнителни 3.750.000 денари, а за 2016 – 7.500.000 денари. Во насока на подигање на бројот на згрижувачките семејства Министерството за труд и социјална политика почна со спроведување на Проектот за зголемување на бројот на згрижувачките семејства во Република Македонија, во чии рамки се спроведува и кампањата „На секое дете му е потребно семејство“, истакна Спасов.

Со измените се предвидува лицата со најмалку 80 проценти инвалидност на долните екстремитети, потполно слепо лице со придружник и потполно глуво лице да може да поднесе барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил, со кој ќе управува подносителот на барањето или неговиот брачен другар, родител, дете.

- Барањата ќе се поднесуваат до Комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил, преку надлежниот центар за социјална работа. Мерката ќе се применува од следната година, информира Спасов.

Измените, спо9ред него, ќе донесат неколкукратни бенефити, од кои најзначајно е обезбедување на дом и здрава семејна атмосфера во кои ќе растат дечињата, како и нега и грижа за возрасните лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...