Изложба „Адам и Ева – нов почеток” на скулпторот Жарко Башески отворена во Париз

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Изложба „Адам и Ева – нов почеток” на македонскиот скулптор Жарко Башески е отворена во престижната галерија „Хелен Нугаро” во Париз во присуство на најзначајни имиња на француската култура.

Изложбата е во рамки на фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, SEE a Paris, кој се одржува под покровителство на УНЕСКО и предизвика интерес на неколку национални музеи за модерна уметност од различни европски центри, чии кустоси беа на свеченото отворање.

На отворањето на изложбата се обратија Хелен Нугаро, францускиот писател Жан Марк Нател и македонскиот писател и ректор на ЕСРА, Јордан Плевнеш.

Во чест на изложбата на Башески, актерите на Парискиот театар „Ескалиер” презентираа извадоци од пиесата „Последниот маж, последната жена” од Јордан Плевнеш. Изложбата е отворена до крајот на февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...