Обновувањето на политичкиот дијалог е важно за евроинтеграцијата

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Евроинтеграциите се важни за Република Македонија. Затоа потребно е политичкиот дијалог да се обнови и да има напредок до посетата на  еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, односно да се направи дополнителен исчекор за да се создаде соодветна политичка клима, од која ќе зависи одржувањето на следниот состанок за Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), како допонителен механизам за процесот.

Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите на која беше презентира Извештајот на Секретаријаот за европски прашања за 2014, Агендата за 2015 година и Билтенот на СЕП.

- Затоа е битно посетата на Хан да се сфати сериозно од страна на сите политички актери во РМ, за да се даде можност тој механизам што го имаат создадено за земјите од регионот - ХЛАД-от, да помогне во процесот на интеграцијата бидејќи на тој начин даваме дополнителен аргумент за тоа што го правиме во однос на евроинтеграциите, вели Бесими во пресрет на посетата на Хан најавена за 17 и 18 февруари.

Тој посочи при тоа  дека се прават напори од Владата опозицијата да се врати во Парламентот, и додава дека е важно вакви напори да има и од другата страна за да имаме функционални институции и успешен политички дијалог.

Во однос на Пристапниот дијалог, тој појаснува дека минатата година, иако не се одржа формално состанок на ХЛАД, се работи според Акцискиот план и во постојана комуникација со ЕК на прашањата содржани во Пристапниот дијалог и препораките на ЕК. Официјално ХЛАД-от, вели, никогаш ниту бил прекинат.

- Но, и доколку не се одржи таков дијалог ние веќе имаме усвоено Агенда на Влада, таа се следи неделно и се реализираат активности за кои е укажано во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата. Ние работиме како да има ХЛАД, како да сме отпочнале со преговори, вели Бесими.

Вицепремиерот Бесими посочува и дека се разгледуваат други можности и креативни решенија за нов моментум за развој на процесот на евроинтеграции, а една од тие можности е, наведува, да се интензивираат средбите во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА).

- ССА е процес каде имаме директна комуникација и вклученост на ЕК. Преку интензивирање на тие комуникации Комисијата ќе биде вклучена во реформите што ги правиме, како во областа на законодавството, активности кои се одвиваат на ниво на комитети и подкомитети и кои всушност би се одвивале и во процес на преговори, рече Бесими.

Друга можност е вели проширувањето на активностите од ССА во делот на инвестициите со оглед дека уште во 2009 беше оценето дека Македонија е подготвена за прегвоори и за преминување во следната фаза од Спогодабта. На овој начин посочува Македонија и регионот би можела да искористи од инвестициските пакети од ЕУ.  Вклучувањето на ЕК во решавање на билатерални прашања во регионот во контекст на евроинтеграциите е исто така можност  која треба да се разгледа и за ова да одлучи Советот на ЕУ.

- Најдоброто можно сценарио за движење на процесот на евроинтеграциите е да почнеме со преговори. Второто сценарио е да продолжиме со вакви креативни решенија и да имаме препорака и оваа година и третото е да немаме ниту препорака. Имаме цела година пред нас да работиме на најоптималното  сценарио да добиеме датум и почеток на прегвоорите, вели Бесими.

Во однос на можностите за решавање на спорот за името по изборот на новата грчка Влада, Бесими вели не очекува прекинување на преговорите за името, затоа што тоа не е во нивен интерес.

- За нас е важно од наша страна да се покаже отвореност и дека остануваме на нашиот став за разговори за надминување на ова прашање, вели Бесими.

Тој најави и одржување на Министерска конференција на регионално ниво во првата половина ан 2015 година со учество на високи претставници од ЕК. Целта на форумот кој би се одржал на македонска иницијатива, а за кој има обезбедено финансии е да овозможи компаративно согледувања на процесот на евроинтегарциите на земјите од Западен Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...