„Мојот пратеник“:

Ахмети е недостижен

Ахмети и Тачи без ниедна дискусија, 30 пратенции не пропуштиле седница

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска ја презентираше публикацијата „Мојот пратеник“ за периодот мај - декември 2014 година. Овој состав на Парламентот е карактеристично по неучеството на 31 пратеник во оставка од опозицијата во неговата работа.

Во овој период се одржани вкупно 29 седници, 24 работни, три за пратенички прашања и две обраќања. Завршени се 26, а незавршени три. Донесени се вкупно 153 закони, од кои 84 од економската област, од јавните дејности 46 и 23 од политички систем.

Според извештајот, најмногу оправдани отсуства во новиот собраниски состав имал пратеникот и лидер на ДУИ Али Ахмети,  кој присуствувал само на четири од вкупно 29 седници, и ниту еднаш не се обратил од говорницата. На листата на пратеници со најмногу оправдани отсуства од пленарните седници освен Ахмети се и Хазби Лика и Ермира Мехмети исто така од ДУИ, пратеникот и лидер на ДПА Мендух Тачи, Слаѓана Митовска и Ристо Манчев од СДСМ и Љубица Буралиева, која на собраниската веб-страница е запишана како независен пратеник, а доаѓа од листата на СДСМ и коалицијата.

Најголем број пратенички прашања имаат поставено Никола Мицевски, Светлана Карапетрова, Антонијо Милошоски, Зоран Илијоски и Нола Исмајлоска, сите од ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери од ДУИ (5), Илија Димовски (4), Драган Цуклев (3) и Ромео Тренов (3) од ВМРО-ДПМНЕ имаат поднесено најмногу предлог - закони до Собранието во периодот мај-декември. Најмногу амандмани имаат поднесено пратениците од ДПА над 260.

Пратеничката Роза Топузовска Каревска се јавила најмногу за дискусии, а таа исто така имала и најголем број реплики, контрареплики и процедурални интервенции. Меѓу пратениците кои најмногу се јавиле за збор се и Зоран Илијоски, Лилјана Затуровска, Владимир Ѓорчев и Ѓорѓи Коџобашиев од ВМРО-ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија. Освен Топузовска Каревска, со најмногу реплики биле и Солза Грчева, Лилјана Поповска и Илија Димовски.

Освен 31 опозициски пратеник и Ахмети, во новиот парламентарен состав воопшто не дискутирале и Мендух Тачи, Зулфи Адили, Газменд Алији, Ернад Фејзулаху, Имер Алиу, Мерал Узеири Ферати и Хазби Лика.

Триесет пратеници се на листата кои немаат отсуство од пленарните седници, а публикацијата содржи и податоци за работата на собраниските комисии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...