Корупцијата останува голем проблем за земјите од ЈИЕ, покажува регионалниот извештај

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Корупцијата останува голем проблем за земјите од Југоисточна Европа, покажуваат резултатите од истражувањата за  „Регионалниот извештај за антикорупција: Проценка на корупцијата и антикорупцијата во Југоисточна Европа“, кој денеска беше промовиран во Скопје.

Во извештајот во кој се опфатени девет земји и тоа Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Македонија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, стои дека Македонија е една една од три земји во регионот во која граѓаните се најмногу подложни на корупција односно би дале и примиле мито кога би имале можност за тоа.

Корупцијата е најприфатлива за граѓаните во Албанија, Македонија и Црна Гора. Иако голем дел од граѓаните во Македонија односно 61 процент се свесни за различните облици за корупација, сепак, заедно со граѓаните на Косово се на дното по ова прашање во однос на другите земји во регионот, се посочува во извештајот, рече Емина Нурединовски од Меѓународниот центар за меѓунаордна соработка (МЦМС) на денешната презентација на извештајот.

Според  мислењето на граѓаните, покажува извештајот, Македонија заедно со Албанија, подвлече таа, е најмалку успешна во однос на земјите од регионот, во справувањето односно спроведувањето на политиките за борба против корупцијата.

- Македонија веднаш по Црна Гора е на врвот на корисници на средства од ЕУ наменети за антикорупција по глава на жител во периодот од 2007 до 2012 година. Покрај тоа ЕУ во сите извештаи за напредокот на Република Македонија ја потенцира важноста на владеењето на правото и длабински ги следи состојбите со корупцијата во многу области, рече Нурединовски на денешната презентација на извештајот.

Кога ќе се споредат податоците од 2001 и 2002 година со оние од минатата година, истакна Даниела Минева, истражувач во Центарот за изучување на демократијата во Софија, се гледа дека сите земји од регионот имаат постигнато одреден напредок во своите напори во борбата против корупцијата.

- Најкорумпирани се Албанија, Црна Гора, Србија, Бугарија, а најмалку Хрватска и Турција. Македонија е некаде во средина, посочи таа  повикувајќи се на извештајот.

Препорака во Регионалниот извештај е да се обезбеди делотворно судско гонење на корупцијата на високо ниво, што ќе даде силен пример за сите, а политиките ќе се покажат ефективни во зајакнувањето на мерките за борба против корупција. Се препорачува, подвлече, да се усвои независен механизам за следење и борбата против корупцијата, како и вложвуање напрои за фокусирање на критичните конкретни сектори за корупција.

Според вршителот на должноста амбасадор на САД во Македонија Барт Патни, извештајот потврдува дека и покрај адекватна правна рамка, спроведувањето на законите и понатаму останува проблем во Македонија која треба да се решава.

- Останува доста да се направи за транспарентноста, интегритетот, конфликтот на интереси, етиката и спроведување, како и за заштита на оние кои ги даваат информациите. Владата треба да ја покаже потребната политичка волја и да ги зајакне и поттикне оние кои се борат за отчетност и транспарентност со вистински инструменти, рече Патни.

Мартин Клауке, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ нагласи дека корупцијата останува сериозен проблем за овој регион.

- Справувањето со корупцијата бара широк фронт. Одговорноста не е само кај политичките елити, полицијата, антикорупциските институции и други владини органи, таа е и кај медиумите, граѓанското општество и граѓаните во целина, порача Клауке и додаде дека само кога сите големи општествени групи и поединци велат „не“ за корупцијата, може да се постигне вистински напредок.

Тодор Јаламов од Центарот за изучување на демократијата во Софија истакна дека извештајот покажува дека во сите земји од ЈИЕ корупцијата е голем проблем.

- Во Македонија има многу подароци, за разлика од другите земји, вклучувајќи ја и Бугарија каде  што поткупите се главно во парични средства. Сметам дека клучно за развојот на општеството е корупцијата во образованието. Тоа е системски проблем затоа што децата се сретнуваат со корупцијата и сметаат дека тоа е нормално. Тој проблем го има и во Бугарија. Има многу механизми преку кои општеството и новинартие може да вршат притисок врз властите, а еден од тие методи е огледална статистика, преку која може да се следи каква е трговијата со соседните земји, појасни Јаламов.

За искуствата во Хрватска во борбата против корупцијата говореше Мунир Подумљак, извршен директор на Партнерство за општествен рзвој.

Националниот извештај за проценка на корупцијата во Македонија, кој беше презнетиран на 14.октомври 2014 година покажа дека во земјава корупцијата е на 5-то место како проблем на граѓаните, по невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...