Трибина за борба против трговијата со луѓе во Тетово

Тетово, 30 јанхуари 2015 (МИА) - Трибина посветена на борбата против трговијата со луѓе во организација на американската амбасада во Скопје се одржа денеска во зградата на локалната самоуправа во Тетово.

Според советникот за политика во амбасадата Лора Брнс, трибината во Тетово е дел од активностите со кои треба да бидат опфатени петнаесет градови во Македонија.

- Претседателот на САД Барак Обама го определи јануари како месец посветен на борбата со трговијата со луѓе и ропството. Оваа трговија е  најлошото што еден човек може да му го направи на друг  и според нашите податоци во светот има околу 27 милиони луѓе кои се жртви на модерното ропство и потенцијални жртви натрговијата со луѓе. Таа е присутна во сите земји во светот и затоа превенцијата и подигањето на свесноста за оваа појава се важен дел од борбата со трговијата со луѓе. Ние ќе продолжиме да и помагаме на Македонија во нејзините напори во справувањето со трговијата со луѓето, заштитата на жртвите и казнувањето на виновниците бидејќи Македонија е извор, земја каде завршуваат и транзитираат жртвите на трговијата со луѓе, изјави Барнс.

На денешната трибина во Тетово свои излагања имаа и претставници на повеќе невладини организации што работат на оваа проблематика, социјални работници и универзитетски професори, додека во публиката главно беа присутни средношколците како една од најранливите категории и можни жртви на трговијата со луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...