Превентивно евакуирани жители покрај Козјачко Река

Штип, 30 јануари 2015 (МИА) -  Градоначалникот |нa општина Карбинци, Зоран Минов и вработени во Јавното комунално претпријатие почнаа со евакуација на педесетина жители на планинското село Кучица низ кое поминува Козјачка Река.

Минов вели дека евакуацијата на дванаесет семејства во ова село ја прават од превентивни причини, бидејќи очекуваат попладнево да надојде Козјачка Река со што ќе бидат загрозени куќите кои се наоѓаат покрај речното корито. 

- Жителите кои живеат покрај самото речно корито се договоривме да ги евакуираме и ден два да ги сместиме во училиштето кое се наоѓа во самото село Кучица. Тие се веќе сместени во училницата на самото училиште така да овде ќе останат наредните денови се додека не се стабилизира состојбата. Сакам да напоменам дека оваа акција заедно ја правиме со Центарот за управување со кризи и Црвениот крст. Во текот на денот на овие дванаесет семејства ќе им биде дадено храна, облека, се што им е потребно и ние тоа го обезбедивме како локална самоуправа, изјави Минов.

Тој додаде дека општина Карбинци има донесено одлука да изврши евакуација и на семејства во седум куќи во селото Козјак, но две семејства одбиле да се евакуираат со што тие остануваат во нивните домови на своја одговорност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...