Со насипи се штитат бунарите од кои штипјани користат вода за пиење

Штип, 30 јануари 2015 (МИА) - Штипското комунално претпријатие направи насипи пред бунарите од кои со вода за пиење се снабдува градот, но и градскиот колектор и бањата Кежовица од евентуални поплави во текот на попладнето и за време на викендот. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека вработените веќе наполниле 2.500 вреќи со песок, со кои се направени и насипите на критичните точки.

- Ги заштитивме бунарите, овде на најкритичните места каде што претходно и не поплави. Поставивме вреќи, поставивме и брана тампон, ѕид направен од песок, исто така го заштитивме и колекторот долж градот, кој се наоѓа во реката Отиња, го покривме и него со вреќи земја, песок. Исто така ја заштитивме и градската бања „Кежовица“, каде поставивме доста вреќи, бидејќи знаете дека бањата се наоѓа во близина на реката Брегалница и многу лесно може да прелие на критичните места, вели Бојаџиев.

Шефот на кризниот штаб на Општина Штип, Тоше Георгиев вели дека градежната механизација се уште работи на неколку места во Лакавичкиот регион, со што се санира и коритото на реката Крива Лакавица, но и на Балталијска река. Пристигнати се и првите количини на нафта што Владата и ги додели на Општина Штип за да се санираат штетите од поплавите минатиот викенд.

Поради циклонот Давид, во текот на изминатите денови контролирано се испушташе и вода од акумулациите во источна Македонија.

Директорот на Радовишко поле, Драган Чачаров кој управува и со езерото Мантово вели дека изминатите денови се испуштени околу три милиони м/3 вода со што се создаде и простор за акумулирање на нови количини на вода. Од утринава по налог на водостопанскиот инспектор запрено е испуштањето на водата од езерото Мантово кое на 23-ти јануари се прелеа, а се излеа и реката Крива Лакавица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...