МВР: Спречен обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта

Скопје, 31 јануари 2015 (МИА) - Министерството за внатрешни работи реализира случај во кој е спречен обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта.

Според досега прибавените докази во рамки на акцијата „Пуч“, информира на денешната прес-конференција помошник министерот во МВР Иво Котески, четири осомничени лица преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на РМ до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како што рече Котески, денеска ќе поднесе кривична пријава против четири лица инволвирани во незаконски дејствија.

- Четвртопријавениот остварил повеќе лични средби и телефонски комуникации со претседателот на Владата на РМ, на 28 септември 2014, на 9 и 31 октомври 2014 и на 17 ноември 2014 година. На средбите и комуникациите пријавениот на претседателот на Владата на РМ јасно и децидно му упатил сериозни закани дека поседува докази од компромитирачки карактер за носители на високи јавни службени и државнички функции во РМ. Заканата ја конкретизирал со тоа што од него како претседател на Владата на РМ и на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ побарал да ги прифати неговите барања за формирање „техничка влада“, а потоа да се распишат предвремени избори за пратеници во Собранието на РМ. За возврат пријавениот ветувал дека нема јавно да ги објави податоците, појасни Котески и додаде дека таквите податоци четвртопријавениот ги добивал од првопријавениот со кого остварил повеќе тајни средби со посредство и помош на третопријавениот.

Инаку, првоосoмничен е поранешeн директор на Управата за безбедност и разузнавање, второосомничена е неговата сопруга, третоосомничен е 53-годишен локален функционер од општина Струмица, а четвртоосомничен е 40-годишно лице од Струмица, лидер на политика партија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...