Координативното тело за справување со кризи ја следи состојбата со најавените врнежи

Скопје, 31 јануари 2015 (МИА) - Координативното тело за справување со кризи на денешниот состанок ја разгледа фактичката состојба на терен, како и најавите за нови обилни врнежи што не очекуваат во текот на викендов, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Според информациите од УХМР, во текот на попладневните часови и преку ноќта врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 40 литри на метар квадратен дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка.

Ќе дува засилен, повремено силен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Потоа продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините снег со послаб интензитет.

Според информациите за хидролошката состојба, подземјето веќе е полно со вода, така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Како резултат на состојбата се очекува сливните подрачја, доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација со цел благовремено да се превземаат превентивни мерки потребни за избегнување од евентуални несакани последици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...