ЕУ бара почитување на правата на обвинетите во случајот „Пуч“

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската унија испрати соопштение по повод последните настани во Република Македонија и поднесените кривични пријави за шпионажа и обид за уривање на уставниот порадок во земјата и бара почитување на правата на обвинетите.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Маја Коцијанчич, портпарол на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, посочи дека Брисел е информиран од страна на Министерството за надворешни работи во Скопје за детали во врска со обвиненијата против четири лица, вклучувајќи го и Зоран Заев, Зоран Верушевски и неговата сопруга.

Обвиненијата се однесуваат на, како што објавуват од ЕЕАС, наводна шпионажа и насилни закани насочени кон претставниците на Владата со цел поткопување на уставниот поредок.

- Ова се многу сериозни обвиненија и ние потсетуваме на неотуѓивото право за независна и транспарентна истрага во случај на било-какво наводно погрешно работење, целосно почитување на правата на обвинетите во согласност со законот и меѓународните стандарди, вклучувајќи го и принципот на презумпција на невиност. Исто така, ЕУ ја повторува својата загриженост во врска со влошувањето на политичкиот дијалог во земјата. Политичките партии треба да се воздржуваат од дејствија што уште повеќе ќе ја поткопа ситуација, се вели во соопштението на дипломатската служба на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...