Еврокомесарот Хан во Македонија со предлог за решавање на кризата

Скопје, 17 февруари 2015 (миа) - Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан денеска ќе престојува во посета на Република Македонија во рамки на која ќе има средби со македонскиот државен врв.

Како што е најавено, Хан кој е во прва посета на Македонија по стапувањето на функцијата, ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, како и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. 

Се очекува на средбите да стане збор за процесот на евроинтеграции на Република Македонија .

Непосредно пред посетата Хан во изјава за МИА порача дека доаѓа во прва официјална посета на Република Македонија со цел да се реши политичката ситуација во земјата, но и со ветување од најголемите политички партии во Европскиот парламент дека исто како и во успешниот случај во Албанија, ќе се обидат да ја вратат опозициската СДСМ во македонското Собрание.

На прашањето дали сегашната политичка ситуација во земјата може да доведе до тоа Европската комисија да ја одземе препорката за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ, Хан посочи дека препораката на Комисијата е кристално јасна, дека земјата треба да се посвети на сите прашања во областите каде се одговорностите, како во судскиот систем и дека не е задача на политичарите да судат, туку правосудниот систем тоа да го стори.
 
Според еврокомесарот за преговори за проширување, ако некоја политичка одлука е потребна, тогаш е во ред, но се треба да се решава во Парламентот.
 
- Затоа ги повикувам сите политички партии да се вратат во Собранието. Главната политичка дебата треба да се одвива во Парламентот. Затоа денеска побарав претставниците на главните партии во Европскиот парламент да направат слични напори како што тоа успешно го сторивме во Албанија, каде претставниците на ЕП, Едуард Кукан и Кнут Фленкештајн организираа договор, кој донесе до тоа опозициската партија да се врати во Собранието, истото да го сторат и во македонскиот случај. Ова е добар пример и во однос на Парламентот, па логички е ЕП, а не Комисијата да го стори тоа и затоа во Европарламентот се подготвени да го сторат тоа и среќен сум, се надевам дека ќе успеат, посочи Хан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...