Актуелната политичка ситуација да се реши низ дијалог во Парламентот

Брисел, 18 февруари 2015 (МИА) - Сите политички лидери да соработуваат во добра волја за надминување на актуелната ситуација која не оди во прилог на напорите за спроведување на реформите во земјата, и да се ангажираат за конструктивен дијалог во Парламентот со фокус на стратешките приоритети на земјата и на нејзините граѓани.

Ова се наведува во пишаната изјава од еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан објавена денеска еден ден по неговата прва официјална посета на Скопје, во рамки на која имаше средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев, на кои, како што се наведува, ја изразил сериозната загриженост на Европската унија за моменталната политичка ситуација во земјата. Еврокомесарот Хан во Скопје се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и со претставници на цивилното општество, стои во соопштението

- Владеењето на правото, основните човековите права и слободата на медиумите се во сржта на процесот на пристапување кон Европската унија и за нив нема дискусија, нагласил Хан и во тој контекст изразил исто така длабока загриженост во врска со извештаите за прислушување на илјадници граѓани и повикал тоа да биде темелно истражено. Притоа, како што се наведува, тој барал истражните дејствија да бидат спроведени со целосно почитување на принципите на непристраност, презумпција на невиност, транспарентност, на поделба на власта и на судската независност. Воедно, како што се посочува, Хан изразил целосна поддршка за медиумите слободно да известуваат за прашањата кои се од јавен интерес.

Во разговорите, пак, со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, дискусијата била фокусирана на клучните реформи вклучувајќи ги и оние кои се наведени како приоритетни во пристапниот дијалог на високо ниво, а станало збор и за досегашната и идната помош од ЕУ на овој план.

Европската комисија е во контакт со властите што се однесува до последиците од поплавите, проценката на предизвиканите штети, како и потребите и можноста за поддршка од страна на Европската унија, се вели во соопштението од прес-службата на ЕК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...