Златна зора: Никој нема право да го користи името Македонија

Атина, 26 февруари 2015 (МИА) – Името Македонија е грчко и никој нема право да го користи со исклучок на Грција, повтори грчката неофашистичка партија Златна зора.

Грчките медиуми јавуваат дека пратеникот во Европскиот парламент на Златна зора, Јоргос Епитидиос уште еднаш побарал „Скопје да престане да се нарекува Македонија“.

- Изговорот дека Грција ја спречува интеграцијата на Скопје во меѓународните организации е лицемерен, а она што треба да го почитува соседната држава е историјата на нашата земја, рекол Епитидиос.

Инаку во Грција се уште се актуелни интервенциите на европратениците на Нова демократија Кефалојанис и Спираки на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) кои остро се спротивставиле на отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија.

Сепак, анти-македонските амандмани на коалицијата на европратеници од Грција и Бугарија не пројдоа и АФЕТ во вторникот ја усвои Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл за Република Македонија, во која по деветти пат, европскиот законодавен дом бара итно отворање на пристапните преговори за членство на земјата во Европската унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...