Реакција на Советот за етика во медиумите за прислушувањето новинари

Скопје, 26 февруари 2015 (МИА) - Советот за етика во медиумите на Македонија изразува сериозна загриженост по сознанието за прислушувањето новинари, сметајќи дека со тоа се нанесува голема штета и последици врз работата и угледот на новинарите и врз работењето на медиумите воопшто.

Прислушувањето на новинарите, стои во соопштението од Советот за етика во медиумите, сериозно ја прекршува слободата во изразувањето и во такви услови не може да стане збор за етика во информирањето на јавноста. Ова, се подвлекува, е целосно недозволиво во едно слободно и демократско општество.

- Новинарите имаат право да добиваат и објавуваат информации, а истовремено да изнесуваат критички ставови. Тие имаат право на свое мислење и убедување, како и на негово искажување преку средствата за јавно информирање. Во својата работа новинарите не смеат да бидат изложени на притисоци и да бидат принудени да дејствуваат спротивно на своите размислувања или убедувања, се вели во соопштението.

Советот смета дека новинарството како професија има голема улога во заштитата на демократските вредности, а во работата на новинарите е неопходно да се создадат сите услови за информирање на јавноста на чесен, непристрасен и сеопфатен начин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...