Велешкото езеро „Младост“ се прелеа, нема опасност

Велес, 26 февруари 2015 (МИА) - Дождовите од изминатите денови придонесоа и така високото ниво на вода во велешкото езеро „Младост“ да се прелее преку браната. Надојдените суводолици на Отовичка  и Рудничка Река се причина што езерото го има највисокиот водостој по цели 30 години, информира Бобан Пановски  директорот на ЈВП  ХС Лисиче кое управува со акумулацијата. 
 
Водостојот на езерото „Младост“ денеска е 246,99 сантиметри, а прелевањето е на 247 сантиметри, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
 
Според Пановски, количеството  вода што истекува е далеку од потенцијална опасност по градот Велес, односно по  зголемување на реката Вардар,  каде се влева водата од вештачката акумулација. Прелевањето, вели, може да биде максимум до 100 илјади метри кубни вода за 24 часа.
 
- Браната е во одлична состојба и сеизмичката стабилност според сеизмичките мерења од страна на стручњаци покажаа дека е стабилна и нема опасност од нејзино оштетување поради зголемените количества на вода, изјави Пановски.
 
За еден  месец нивото  на  езерото „Младост“ се зголеми за   еден и пол метар. Проценките се дека има  околу 10 милиони кубни вода на површина од 60 хектари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...