СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот за оддавање службена тајна

Скопје, 26 февруари 2015 (МИА) - СДСМ денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Никола Груевски за сторено кривично дело оддавање службена тајна.

Генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски изјави дека премиерот на вчерашната прес-конференција изнел податоци коишто, според него, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки.

- Во кривичната пријава се пријавени и НН лица од МВР, Судот и Обвинителството кои имале допир со материјалите од посебните истражни мерки, со што и тие учествувале во достапноста на овие материјали во јавност, за што постои кривично дело и кај нив, рече Спасовски.

Прашан дали верува во објективноста на судството, Спасовски рече дека се надева оти луѓето од судството и Обвинителството ќе се одважат и ќе донесат одлука во корист на Република Македонија.

Тој посочи дека материјалите што ги имаат се добиени од луѓе кои и мислат добро на државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...