МВР Билтен

Скопје, 27 февруари 2015 (МИА) - СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против С.Ц.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело ,,фалсификување пари“. Пријавената завчера во дискотека во Штип платила со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. По пријавување на делото од вработена во дискотеката, преземени се мерки од полициски службеници при што од извршеното вештачење е утврдено дека банкнотата од 1.000 денари е фалсификувана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(22) од Кавадарци, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

На 2 август 2013 година на паркинг плац каде се одржувала забава полицијата  во патничко возило управувано од пријавениот, а во кое било уште едно лице од Неготино, пронашла четири рачно изработени цигари и еден опушок. При вештачење е утврдено дека се работи за 3,16 грама мешавина од марихуана и тутун. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.К.(20) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. На 5 јануари годинава на ул. „Партизанска“ во Охрид е извршен преглед над пријавениот и уште едно лице од Охрид при што пријавениот позади него фрлил хартиена паковка во која имало 0,76 грама марихуана. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. од тетовското село Одри за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотична дрога“. На 29.10.2014 година во Тетово сопрено е

При контрола на 29 октомври лани во Тетово  во патничко возило „алфа ромео“ управувано од пријавениот во кое како сопатник било уште едно лице од Тетово, биле пронајдени паковки. При вештачењето е утврдено дека се работи за 1,83 грама хероин, а во земените примероци од урина кај пријавениот е констатирано дека има присуство на опијати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...