Претседателот Иванов му ги предаде акредитивите на индискиот амбасадор Сачдева

Скопје, 27 февруари 2015 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Индија за Република Македонија со седиште во Софија Раџеш Кумар Сачдева. 

На свечената церемонија, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, на амбасадорот Сачдева му посака успешно извршување на дипломатските должности во земјата и изрази задоволство од односите меѓу двете земји кои ги карактеризира искрено пријателство, меѓусебно разбирање и почитување.

Претседателот Иванов изрази очекување за поинтензивно развивање и за унапредување на досегашната соработка во сите сфери од заеднички интерес, со надеж за содржински побогат заемен ангажман, во наредниот период.

- Би сакал да ја истакнам нашата желба за збогатување на нормативно-правната рамка, како и нашиот интерес за воспоставување поинтензивна економска соработка. Сакам да знаете дека на тој план Република Македонија е целосно подготвена, рече Иванов.

Амбасадорот Сачдева истакна дека односите меѓу Индија и Македонија во последните две децении се развиваат на високо и пријателско ниво, базирано на континуираните заложби меѓу двете влади, бизнисот и народот на двете земји, додавајќи дека потврда за тоа се и посетите на високо ниво во изминативе неколку години.

- Се надевам дека во годините што следат, ќе бидеме сведоци на зголемување на трговската размена и на инвестициите меѓу Индија и Македонија. Ве уверувам дека промоцијата на трговската размена и на инвестициите меѓу двете земји, ќе биде највисок приоритет за мене, потенцираше индискиот амбасадор Сачдева во својот говор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...