Активности за меѓуетничка интеграција во две основни училишта во Куманово

Куманово, 27 февруари 2015 (МИА) - Кумановските основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Бајрам Шабани“ денеска  на отворен ден за јавноста  ги промовираа активностите кои ги спроведуваат во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, поддржан од УСАИД.
 
Учениците пред локалната заедница ја презентираа и македонската и албанската култура. Директорите на училиштата, Марина Манојловска и Гзим Рушити, истакнаа дека мултиетничкото образование не е фиктивна идеја, туку мошне конкретна и остварилива, која води кон создавање граѓанско општество.
 
- Веќе две и пол години го работиме проектот и сме во завршна фаза. Сите, без разлика на националност, верска или политичка припадност, имаат право да креираат  општество еднакво за сите, изјави Манојловска, директор на „Браќа Миладиновци“. 
 
Директорот на „Бајрам Шабани“ информираше дека преку работилници и приредби се промовира мултикултурализмот.
 
- Денеска во нашето училиште ги запознававме родителите и наставниците со активностите од проектот, а претходно се одржаа и работилници каде што учениците, наставниците и родителите меѓу себе се запознаваа и имаа можност да  разговараат за традицијата и културата, рече Рушити.
 
Меморандумот за соработка меѓу двете училишта, локалната самоуправа и УСАИД беше потпишан во декември 2013 година.

 
Двете училишта имаат партнерски однос и преку проектот организираат заеднички обуки, семинари, настава во природа, заеднички прослави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...