Годишно собрание на МАНУ

Скопје, 27 февруари 2015 (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите е институција која законски е обврзана да партиципира во научната и културната политика на државата и во развојот на науките и уметностите, истакна претседателот на оваа институција академик Владо Камбовски на денешното годишно собрание.

Нејзиниот активен однос кон овие задачи, рече Камбовски, е наложен од потребата за забрзување на процесот на интеграциите на Република Македонија во подрачјата на високото образование, истражувањето и технолошкиот развој заради нејзино пристапување во ЕУ како единствен простор на знаење, истражување и технолошки развој.

Осврнувајќи се на реализираните активности во 2014 година, академик Камбовски нагласи дека програмата за работа за годинава е конципирана врз идејата за континуитет со нејзините активности и правци на развој, кои на среден и долг рок обезбедуваат стабилност, интегритет, независност и ефикасност.

Во тој контекст меѓу другото планирано е организирање 13 научни собири и конгреси, 17 свечени собири, 14 предавања, 9 промоции на дела и изданија на МАНУ, 7 изложби, 8 тркалезни маси и една работилница.

Издавачката дејност годинава треба да забележи значително зголемување на својот обем, односно планирано е објавување на 9 зборници на трудови од одржани научни собири, 23 периодични и 49 посебни изданија, како и каталози за изложби, билтени, предавања...

Академик Камбовски најави и продолжување на меѓународната соработка со академиите и научните институции од другите држави со кои се потпишани договори.

- Остварувањето на Програмата која поаѓа од амбициозни, но реално зацртани цели, со зголемен број на проектите и други активности и бројни носители на програмските задачи, несомнено создава тешкотии во следењето на нејзината реализација. Не е востановена, но би требало да се востанови нова практика на периодично разгледување на резултатите пред одделенија, центрите и органите на Академијата заради подобро планирање и координирање на одделените азадчи, рече Камбовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...