Одбележан Светскиот ден на ретки болести

Скопје, 27 февруари 2015 (МИА) - Ретките болести се комплексен предизвик кој единствено може да се надмине со заедничка соработка меѓу институциите, пациентите, семејствата, докторите и фармацевтската индустрија. Годинава првпат со еден денар од кутија цигари, кој оди директно за финансирање на Програмата за ретки болести, конечно многу пациенти со ретки болести кои досега не добиваа лекови, ќе можат да ги добијат. 

Ова денеска на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести го истакна претседателот на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, Весна Алексовска, која рече дека има многу пациенти со ретки болести кои веќе се згрижени преку ФЗОМ, а Министерството за здравство вети дека наскоро ќе направат регистар во кој ќе бидат вклучени околу 1.000 пациенти.

- Се надеваме дека што поскоро ќе завршат административните процедури и ќе пристигнат лековите. Благодарни сме на Министерството за здравство. Ова е првиот министер што направи ваков чекор да ја зголеми оваа Програма. Се надевам дека првите лекови до пациентите ќе стасаат во април, но не можеме да го тврдиме тоа се додека не добиеме официјална информација од институциите, додаде Алексовска.

Маја Иванова, сопругата на претседателот на Република Македонија, во обраќањето пред присутните рече дека вкупниот број пациенти со ретка болест се менува, но не е толку значаен, колку што е значајно што секој еден живот е вреден и дека за секој треба да се најде начин да се овозможи навремена рана дијагноза и што побрзо наоѓање и почнување на најсоодветниот третман и лекување на пациентите со ретка болест.

- Нашиот живот е краток за да бараме разлики меѓу нас. Да не го потенцираме тоа што не прави различни, туку да го пронаоѓаме тоа што не спојува и сврзува. Да се трудиме да се почитуваме меѓусебно за да можеме да ги препознаеме особеностите кои не поврзуваат за да создадеме повеќе можности, да градиме подобар и посветол свет, да создаваме подобар и поквалитетен живот за сите нас без исклучок. Доколку настапуваме сите сложно, заедно и обединето успесите ќе бидат се поголеми и побројни, додаде Иванова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...