Новите амбасадори во Германија и Канада пред пратениците

Скопје, 27 февруари 2015 (МИА) – Македонија има пријател во Германија и треба да се работи на одржување на ова пријателство преку политички дијалог на највисоко ниво, истакна денеска пред пратениците во своето обраќање новиот македонски амбасадор во Берлин Сашо Марковски.

Билатералните односи меѓу Македонија и Германија се интензивни и имаат значајна динамика, но постои можност за нивно продлабочување. 

- Немаме отворени прашања, единственo нашиот ангажман за признавањето на нашето уставно име. Поткрепа за овој наш став или барање е секако одлуката на германскиот Парламент да се поддржи нашето уставно име во 2004 година, но во моментов СРГ прашањето за името со Грција го смета за билатерално и секое изнаоѓање решение во повеќе наврати повтори дека ќе го потврди, изјави Марковски.

Германија целосно не поддржува во реформите за доизградба на мултинационална демократија со јасна европска перспектива. Во однос на ЕУ и НАТО, Германија ја поддржува и е партнер на Македонија. - Но, повторно доаѓаме до потребата од решавање на спорот за името со Грција, изјави Марковски. 

На економски план соработката е доста добра, оцени тој, посочувајќи дека во 2013 година Германија била прв трговски партнер на РМ, додека трговската размена во 2014 со оваа земја изнесувала 2,12 милијарди евра, 1,53 извоз и 589 милиони увоз. 

Државјаните на Македонија се меѓу првите десет баратели на азил во Германија во 2014 година односно тие се на седмото место. На врвот на листата се Сиријците, Србите, Авганистанците. Од 202.000 баратели во 2014, само на 25,8 отсто им е позитивно одговорено.  

Според официјалните податоци во оваа земја живеат 65.000 иселеници од Македонија, но проценките според амбасадорот Марковски се дека  има околу 85.000 лица со потекло од Македонија. За жал, рече амбасадорот, има повеќе барања за отпуст на државјанство отколку за добивање македонско државјанство, дека во конзулатот во Минхен просечно годишно има 85 барања за откажување на македонското државјанство.

Заедниците се добро организирани. - Таму веќе има трета генерација иселеници и должни сме да направиме силен ангажман и добри релации со нив, вели новиот амбасадор.

Пратеникот Антонио Милошоски посочи дека повеќе од јасно е оти Германија е политички и економски предводник и играч во ЕУ и тоа го прави и нашиот ангажман и нашиот однос посериозен.

- Ваша задача ќе треба во Берлин да биде да се изборите за вниманито на Германија кон РМ посебно во услови на голема конкуренција од други прашања, бидејќи германската политика во моментов е многу насочена кон прашањето со Украина и Русија, посветуваат внимание на прашањето со Молдавија, на кипарското прашање, на глобалните феномени кои не ја одбегнуваат ниту Европа со своите последици, а тоа се случувањата во Ирак, Сирија, во Египет, во Либија и на многу други нешта, но во секој случај она што нам ни дава за право дека треба да го добиеме нашето внимание е токму од Германија од почнатиот берлински процес минатата година кога канцеларката Меркел ги покани на заедничка конференција сите шефови на држави и  влади од земјите на Западниот Балкан, истакна Милошоски.

Според него овој берлински процес што оваа година треба да продолжи во Виена, Австрија и следната година во Париз, Франција може да биде добра прилика за нас, но и за земјите членки на ЕУ во следните пет до седум години да ја затвориме таа заедничка геостратешка цел и земјите од овој регион да станат земји членки на ЕУ, а во случајот со Македонија што поскоро и земја членка на НАТО. 

Посочи дека она што ќе биде особено добро како парламентарци е да продолжи со Германија добрата меѓупарламентарна соработка и амбасадорот да успее во текот на оваа година да обезбеди и да создаде услови за размена на повисоки билатерални посети на владино ниво, на министерско и на претседателско ниво.

За актуелната состојба во Македонија рече дека таа треба да биде аргумент повеќе за отпочнување преговори за членство во ЕУ. 

Приоритети на новиот македонски амбасадор во Канада, Тони Димовски се натамошно продлабочување на билатералните односи помеѓу двете земји, како и организирање посети на највисоко ниво. Меѓу економските цели се зголемување на трговската размена, конкретни директни инвестиции, туризмот, особено руралниот и екотуризмот и сообраќајот односно развивање на идејата за чартер летови од Македонија кон Канада и обратно. 

Според официјалните податоци од 2006, во Канада 37.000 лица се декларирале како Македонци, но според амбасадорот, без резерва перцепцијата е дека таму живеат од 150.000 до 200.000 лица со потекло од Македонија. Така, една од неговите цели е нивно подобрување на релациите со матичната држава. Како една од можностите е зголемување на бројот на почесните конзули за подобро групирање на нашите во Канада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...