ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци доби спортска сала

Скопје, 27 февруари 2015 (МИА) - Во Основното училиште „Гоце Делчев“ во село Љубанци во општина Бутел денеска е пуштена во употреба спортска сала, инвестиција од 10 милиони денари, обезбедени од државниот Буџет.

- ОУ „Гоце Делчев“ е едно од најстарите училишта во Македонија во кое немаше спортска сала. Оваа е прва сала од овој вид во регионот на Скопска Црна Гора во Општина Бутел, а севкупно четврта спортска сала која Владата ја изгради во оваа општина, рече на свеченоста премиерот Никола Груевски. 

Годинава, најави, ќе почне изградбата на уште 10 спортски сали низ државава. Досега, како што рече, се изградени 77 спортски сали, од кои 33 големи преку Агенцијата за млади и спорт, а 44 поголеми сали преку Министерството за образование и наука. Во тек е и изградбата на уште 18  спортски сали. 

- Веќе следната година бројот на изградени спортски сали ќе изнесува над 100.  Ова го ветивме на изборите, беше барање на граѓаните, а ќе биде од корист и на учениците кои сакаат да спортуваат и оние кои сакаат  тука да работат, да тренираат, изјави Груевски. 

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека училиштето „Гоце Делчев“ во Љубанци, кое е изградено пред повеќе од 100 години, добива нов спортски објект на површина од 385 метри квадратни  кој ги исполнува сите инфраструктурни стандарди за квалитет и функционалност.  

- Со објектот на сегашните и идните генерации првенствено им се овозможуваат нормални услови за реализирање на часовите по предметот физичко и здравствено образование, како и за спортување и рекреација. Освен теренот и санитариите, со состав на салата е оформена и галерија, како и две канцелариски простории за професорите, информира Ристовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...