Средби на претседателот Иванов во рамки на работната посета на Женева

Женева, 2 март 2015 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во рамки на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на ОН се сретна со претседавачот на Советот Јоаким Рукер.

На средбата Иванов, јави известувачот на МИА, ги поздрави неговите напори за зголемување на ефикасноста на работата на Советот за човекови права кои, како што потенцирал, се дел и од заложбите на Република Македонија при поднесувањето на кандидатурата за ова тело. Иванов ја поздравил и иницијативата на Рукер за подобрување на координацијата на релациите помеѓу сродните тела на ОН во Њујорк и Женева.

Претседателот на Советот за човекови права на ОН изразил задоволство од учеството и обраќањето на претседателот Иванов во неговата работа, што, како што посочил, е особена чест за него како претседател на овој Совет.

На интерес на Рукер, претседателот Иванов го запознал соговорникот и со севкупните состојби во Македонија и регионот.

Македонскиот претседател денеска во Женева имаше средба и со високиот комесар за човекови права на ОН Зеид Раад Ал Хусеин на која нагласил дека Македонија игра активна улога и дава суштински придонес во работата и натамошното профилирање на Советот како заштитник и промотор на универзалните човекови права во светот.

- Република Македонија останува цврсто определена за натамошна промоција на највисоките стандарди за човековите права на меѓународно ниво и ќе соработува со земјите-членки на Советот во отворена и конструктивна атмосфера со цел исполнување на целите и приоритетите, истакнал македонскиот претседател.

Посочил дека Република Македонија негува највисоки стандарди во заштитата на човековите права и правата на заедниците и притоа оценил дека таа е најпозитивниот пример во регионот со својот модел на почитување на различностите, односно интеграција без асимилација.

Иванов го запознал соговорникот и со фактот дека Македонија го иницираше дијалогот на цивилизациите во 2003 година и активно е вклучена, а со неодамнешното назначување на советникот за надворешна политика од кабинетот на македонскиот претседател за пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите во ОН ќе го зајакне учеството во оваа организација.

Иванов го поканил Ал Хусеин да ја посети Република Македонија и да учествува на Школата за млади лидери која по шести пат треба да се одржи во август во Охрид.

Ал Хусеин изразил благодарност за поддршката што македонскиот претседател ја дава на високиот комесар и неговата канцеларија запознавајќи го со предизвиците со кои се соочува во спроведувањето на активностите.

- Високо ја ценам вашата одлука да учествувате на Советот за човекови права, тоа е потврда на вниманието кое лично вие и вашата земја ја посветувате на прашањата поврзани со човековите права, истакнал Ал Хусеин.

Македонскиот претседател денеска се сретна и со генералниот директор на ОН во Женева Мајкл Молер со кого разговараа за работата на ОН, за надворешно политичките приоритети на Македонија, како и за предизвиците со кои се соочува во нивното исполнување.

На средбата Молер го запознал Иванов со активностите на Канцеларијата во Женева поврзан со човековите права, разоружувањето, намалувањето на ризиците од природни катастрофи...

Соговорниците на средбата размениле мислења и информации за надворешно политичките приоритети на Република Македонија за предизвиците со кои се соочува земјата во контекст на нивното исполнување, а во таа насока станало збор и за состојбата во процесот за надминување на разликата околу името што се води под покровителство на ОН. 

- Република Македонија предолго е блокирана во евроатлантските интеграции што создава тензии во политичкиот живот и меѓуетничките состојби во земјата, посочил Иванов. 

Додал дека интеграцијата во ЕУ и НАТО има и голема мотивирачка реформска моќ, но исто така и голема кохезивна моќ во мултиетничката демократија. 

Македонскиот претседател изразил надеж дека со новото раководство кај нашиот јужен сосед ќе се воспостави политички дијалог кој ќе придонесе за подобро разбирање и надминување на билатералните разлики. 

Претседателот Иванов денеска ќе има средба и со генералниот директор на Меѓународната организација за миграција, Вилијам Лејси Свинг.

Иванов денеска имаше обраќање на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на Обединетите нации, со кој започна 28. Сесија на Советот. Во обраќањето македонскиот претседател меѓу другото порача дека ОН не смеат да си дозволат да бидат рамнодушни на кршењето на човековите права и правото на човеково достоинство. Побара политиката и моќта да ги тргнат рацете од овој Совет за да може да превенира, а не само пост-фестум да констатира кршење на човековите права.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...