Отворен ден на Агенцијата за станбен и деловен простор со граѓаните на Прилеп

Прилеп, 2 март 2015 (МИА) - Во подрачната единица на Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Прилеп се одржа „Отворен ден со граѓаните“. На средбите со граѓаните, првиот човек на Агенцијата Цветко Грозданов одговараше на прашањата и проблемите што ги имаат со откупот на општествените станови и за закупот или откупот на социјалните станови.

Според Грозданов, досега во Прилеп поголем е интересот за закуп, отколку за откуп на социјалните станови.

- Во Прилеп има една зграда изградена за лицата со ниски примања и во моментов тече огласот од Министерството за транспорт и врски за продолжување на нивните договори за закуп со агенцијата наредните пет години или пак да ги откупат доколку во меѓувреме имаат повисоки примања. Такви станови се 52. На педесет станари им ги доставивме документите и правилниците според Законот за домување преку кој ќе можат да го закупат или откупат станот. Одѕивот е добар и досега 47 станари поднесле барање за закуп, а двајца за откуп на станот. Рокот за поднесување барања е до 31 март, изјави Грозданов.

Тој додаде дека има време граѓаните да се премислат и наместо закуп да побараат откуп на станот.

На 31 март истекува и рокот за поднесување барања за правно регулирање на општествените станови. Во Прилеп такви општествени станови се 140.

- Имаме толеранција за одредено доцнење на ратите за закуп или откуп на становите зашто станува збор за лица со ниски примања, но не тоа да биде во недоглед. За решавање на проблемите и прашањата што ги имаат граѓаните, вработените во подрачната единица и во Агенцијата во Скопје им стојат на располагање, рече Грозданов.

Откако ќе заврши рокот за поднесување барања, апликациите ќе се разгледаат и според примањата на граѓаните во последната година има подкатегории за висината на ратите, објасниГрозданов.

- На оние станари кои примаат социјална помош и не може да плаќаат рати за закуп на социјалните станови, државата ќе им ги плаќа ратите, рече Грозданов.

До крајот на јули, информира, ќе биде готова и втората зграда во прилепската населба Точила со 79 станови за социјално загрозените лица. Тогаш Министерството за транспорт и врски ќе го отвори конкурсот за аплицирање и се очекува до октомври новите станари да се вселат во тие станови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...