На Заев не може да му се верува, тој сам се демантира

Скопје, 3 март 2015 (МИА) - Заев не треба многу да се коментира, бидејќи човекот себеси се коментира и демантира, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата на лидерот на СДСМ за неговиот однос со Верушевски искажани во интервју за ТВ Телма.

- Тој пред некој месец говореше дека тие не се познаваат за подоцна да каже дека се познаваат, ама не така добро, за на крај да каже дека, сепак, добро се познаваат. Потоа излезе едно писмо за кое се молчеше, за подоцна Заев самиот да ја потврди веродостојноста на тоа писмо дека тој му го напишал на оној, со кого, нели, не се познавале претходно. Излегоа и пораки од мобилните телефони шифрирани, за вчера да ги потврди дека се точни. На крајот излезе дека на човекот за којшто тврдеше дека не се познаваат му купил компјутер и се спремал да му купи кола. Чудно малку, нели, затоа што се одважил да направи нешто против Владата. Има многу луѓе што се одважиле да направат нешто против Владата, но не сум чул Заев на сите да им купувал кола и компјутери, рече Груевски. 

Според ова, додаде, јасно е дека господинот Заев во неколку наврати не ја кажуваше вистината. - Кога човек така настапува, еднаш кажува вака, еднаш кажува онака, на таков човек не може да му се верува, истакна Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...